ПИК Сегед пред публика ќе го пречека Вардар

Ракометарите на Вардар следната седмица ќе го одиграат натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите, иако тој ќе биде само втор за нив.

Откако беше одложен дуелот со Елверум поради барањето на гостите да не патуваат во Македонија, вардарци имаат време подобро да се подготват за незгодното гостување.

ПИК Сегед, иако преполовен, што поради повреди што поради коронавирус, сепак беше блиску до изненадување кај Келце. Унгарскиот претставник ќе биде сигурно мотивиран за прва победа во ЛШ, а за тоа ќе има помош и од навивачите.

Ќе бидат пуштени во продажба само 972 билети, а предност при купувањето ќе имаат оние што имале сезонски билет за претходната сезона.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра на 1 октомври од 18:45 часот.