Унгарскиот шампион ПИК Сегед и оваа сезона ќе ја продолжи праксата да има три десни бека во ростерот.
Од тимот заминуваат Станислав Кашпарек и Марко Вујин, а Лука Степанчиќ ќе има норвешко и шпанско друштво за новата сезона.
Покрај Кент Робин Тонесен, чиј трансфер беше официјализиран одамна, во ПИК Сегед доаѓа и шпански интернационалец.
Станува збор за Иманол Гарсиандиа, кој настапува за францускиот Екс Ан Прованс и во првата сезона даде 86 гола на 20 меча.
Гарсиандиа е висок 203 цм, има 25 години, а трансферот во Франција беше прв надвор од Шпанија за него. Пет сезони претходно играше за Ла Риоха.