Пивотот на Вардар си обезбеди место во тимот, ќе игра на Мундијалот

Ракометарот кој минатото лето пристигна во Вардар и е еден од играчите кои имаа неколку забележителни партии, Патрик Валчак си најде свое место меѓу 20-те ракометари на Полска кои ќе добијат шанса за да настапат на Светското првенство во Египет.

Валчак е играч кој на последните собири редовно добиваше шанса во репрезентацијата и почна да добива сè повежќе дооверба од страна на селекторот на Полска, Патрик Ромбел.

Според составот од 20 ракометари ќе има голема конкуренција. За пивотменското место има четворица играчи, а конкуренција на Валчак ќе бидат Камил Шипжак (ПСЖ), Давид Давижик (Азоти Пулави) и Мациј Гебала (Лајпциг).

Шансите за Валчак се одлични да може да биде дел постојано од оние 16 кои ќе играат, но во секој случај јасно е дека ќе биде во конкуренција за сите натпревари.

Полска е во Групата Б со селекциите на Шпанија, Тунис и Бразил.

Во составот на Полска имаше место за 20 ракометари, а се работи за:

ГОЛМАНИ: Адам Моравски (Висла Плоцк), Матеуш Корнецки (Келце), Пјотр Вишомирски (Татабања).

БЕКОВИ: Томас Гебала, Симо Сицчко, Михал Олејничак (Келце), Каспер Адамски, Маци Пилитовски (Е. Калиш), Аркадиуш Осовски (Квижин), Рафал Пржибилски (Азоти Пулави), Мациј Мајдински (Бергишер), Пјотр Чрапковски (Магдебург).

КРИЛА: Јан Цувара (Горник Забже), Прќемислав Крајевски, Михал Дашек (Висла Плоцк), Аркадиуш Морито (Келце).

ПИВОТИ: Патрик Валчак (Вардар), Камил Шипжак (ПСЖ), Давид Давижик (Азоти Пулави), Мациј Гебала (Лајпциг).