Денеска беа активни тројца македонски интернационалци во Бундес лигата. Во македонскиот двобој, Вецлар на Филип Миркуловски славеше против Штутгарт на Жарко Пешевски со 30-25.
Поранешниот репрезентативец беше стрелец на еден гол од еден обид, а актуелниот исто така постигна еден, но од два обида.
Филип Кузмановски и Хановер на домашен терен беа изненадувачки поразени од Балинген со 25-29.
Македонскиот репрезентативец продолжува да игра во одлична форма и успеа да постигне пет гола од седум обиди, од кои два беа од пенал. Заработи и две исклучувања.
Штутгарт котира највисоко, на петтото место, Вецлар е шести, додека Хановер се наоѓа на 13 позиција на табелата во Бундес лигата.