По комплетирањето на квалификациите, познати се 24 екипи што ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на Европа.
Единствен македонски претставник во ова натпреварување е Еурофарм Пелистер, кој утре ќе ги дознае ривалите во групата.
Со оглед на тоа што има четири француски и три германски екипи, а во оваа фаза не може два клуба од иста држава да играат меѓусебе, тогаш сигурно е дека во Битола ќе гостува една екипа од Франција – Нант, Тулуз, Ним или Екс ан Прованс.
Многу веројатно е дека и една од екипите на Магдебург, Лемго или Фуксе Берлин би можел да биде гостин.
Битолчани пред ждрепката се рангирани во вториот шешир и ги избегнуваат Чеховски Медведи, Винтертур и Савехоф, но во другите шешири има многу опасни екипи. Ждрепката ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот.
ШЕШИР 1: Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)
ШЕШИР 2: Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)
ШЕШИР 3: Горење (Словенија), АЕК (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).
ШЕШИР 4: Фуксе Берлин (Германија), Екс ан Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)
ШЕШИР 5: Ним (Франција), Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска), Ла Риоха (Шпанија)
ШЕШИР 6: Нексе (Хрватска), Бенфика (Португалија), Кадетен (Швајцарија), Тулуз (Франциja)