Ракометарките на Пелистер на домашен терен ја остварија четвртата победа во 13. коло од Женската лига против екипата на Гевгелија со 32:30.
Во доста израмнет натпревар поуспешни излегоа домашните ракометарки. Првиот дел беше претежно изендачено, а во завршните минути Пелистер стигна до предност во пресрет на вториот дел. На полувреме беше 21:17 во корист на домашната екипа.
Продолжението донесе подобро издание на Гевгелија и топње на негативата. Гостите стигнаа до израмнување на 27:27, но во заршницата битолчанки подобро се снајдоа и недозволија да ја испуштат победата.
Најзаслужна за победата беше Марија Анчева со 13 гола, додека Драгана Стојанова постигна пет гола. Во поразената екипа Попова Јасмина беше најефикасна со 11 погодоци.
ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА 32:30 (21:17)
Сала: Боро Чурлевски во Битола. Гледачи: 120. Судии. Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Наумовска, Пецовска, Босиловска 2, Анчева 13, Раиф 1, Милосављевиќ 4, Талевска 3, Каковска, Соколеска, Нечовска, Белевска 4, Јанкуловска, Стојанова 5.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 4 мин.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова 1, Попова 11, Пецевска 3, Ибрахимович, Горковска, Попова 4, Митрова, Петковска 6, Тимчева, Танева, Митрова 5.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.