Во битката меѓу двата нови суперлигаши во Охрид меѓу КЛ7 и Прилеп, поуспешни беа прилепчани и славеа со 27-24.
На полувремето избраниците на Горан Кузманоски имаа водство од четири погодоци, 16-13. Во вториот дел само ја одржаа предноста, а КЛ7 кој денеска играше два меча, не можеше да направи ништо повеќе.
Прилеп го чекаат контролни натпревари со Аеродром и Пролеп, додека КЛ7 ќе игра против Тиквеш два пати.
Суперлигата започнува на 12/13 септември, Прилеп ќе игра во групата Б, додека КЛ7 е во групата А.