Непоразениот тим во регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, Охрид, славеше во првиот пријателски натпревар.
Избраниците на Раде Стојановиќ, иако потешко од очекувањата, триумфираа во Скопје против Голден Арт КЛ7 со 23-25.
Ова беше деби на клупата на КЛ7 за Игор Котевски, а овој тим договори уште три пријателски средби, против Шампион, Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.
Охриѓани, пак, кои ги чекаат тешки битки во плеј-офот, ќе играат со двете битолски екипи – првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер.