Екипата на Охрид која се наоѓа на 2. позиција после 14 кола од регуларниот дел од сезоната го ангажираше првото засилување за вториот дел од сезоната.
Во екипата на Охрид пристига десниот бек на Радовиш, Филип Николов кој би требало да биде конкуренција за Денис Тот за оваа позиција.
Со оглед на тоа што се работи за ракометар кој е на делба на 5. место со 76 погодоци јасно е дека Охрид добива голгетер со кој ќе може да биде уште поефикасен во продолжението на сезоната.
Инаку, Николов во последните шест месеци настапуваше за екипата на Радовиш, а во претходната сезона го носеше дресот на Бутел Скопје.