Тимот на Охрид и во следната сезона ќе смета на услугите на тројцата интернационалци што играа и оваа сезона во составот на Раде Стојановиќ.
Црногорците Јагош Брауновиќ и Филип Кривокапиќ, како и Хрватот Денис Тот се обврзаа на едногодишна верност со охридскиот тим.
За Брауновиќ следната сезона ќе биде трета во тимот на Охрид, додека Кривокапиќ и Тот втора година ќе бидат дел од Охрид.
Претходно тимот го продолжи договорот со тренерот Раде Стојановиќ, а во тимот нема да биде само пивотменот Кристијан Анастасовски, кој направи трансфер во француски Анже.