Тимот на Охрид продолжува со склопување на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.
Продолжена е соработката на уште една сезона со десното крило Бобан Блажески, а за најдобриот стрелец следната ќе биде петта година во охридскиот клуб.
Од ланската екипа, тимот на Охрид ги задржа интернационалците Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.
Од домашните ракометари останаа Никола Даниловски, Мартин Манасков, Иван Тасески и Крсте Андоновски, а договорот го обнови и тренерот Раде Стојановиќ.