Освојувачот на Купот чекори кон двојна круна, Куманово и натаму без грешка

Ракометарките на Куманово после освојувањето на трофејот во Купот на Македонија продолжуваат со победите и во првенството. На гостувањето кај Деспина во 22. коло Кумановки триумфираа со 15:32.

Фаворитот на натпреварот во целост ја оправда улогата и забележа рутинска победа. Деспина отвори со 1:0, а потоа следуваше серија на Куманово од седум гола за високо водство и мирно продолжение на мечот.

На полувреме гостинската екипа водеше со 9:15. Во второто полувреме Куманово доминираше уште повеќе и разликата постојано се зголемуваше за на крајот да достигне високи 17 гола. Со овој триумф водечкиот тим се зацврсти на врвот на табелата и сигурно чекори кон двојната круна.

Најефикасни во победничкиот состав беа Мила Трајковиќ со седум гола и Бранкица Марковиќ со пет погодоци. Додека во екипата на Деспина со по четири гола најпрецини беа Сања Цветкоска и Сара Богеска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080