Одличен ден за ЦСКА Москва и Ристовска, и нанесоа тежок пораз на Звезда

Ристовска и колешките одработија одличен натпревар и обезбедија нова победа во првенството на Русија овој пат на гостувањето кај составот на Звезда Звенигород со 37:27.

Убедливата предност за ЦСКА Москва беше обезбедена уште во првото полувреме. Тогаш гостинките од Москва дојдоа до предност од 23:13 и дојдоа до висока позитива. Овие десет гола беа сосема доволно за да се дојде до мирно второ полувреме кое заврши со нерешен резултат.

Сара Ристовска мина нешто повеќе од 38 минути на теренот. Таа успеа да погоди трипати од три шута со што беше меѓу ракометарките кои беа поефикасни на средбата.

Прв стрелец во тимот на ЦСКА Москва беше Екатерина Илина со осум гола, пет погодоци имаме Скоробогатченко, а а по четири Дмитриева и Маркова. Во редовите на Звезда Звенигород најефикасна со седум гола беше Николаева.