Продукциската куќа „Марвел Студиос“ ја презентираше најдновата серија во нивна продукција, а поврзаноста со ракометот на оваа вест е голманката од Гватемала, Венди Росас која се појавува во серијата на Марвел. Таа е родена во Гватемала, но живее во Чешка.
Росас своите почетоци во ракометот ги имала уште во училишните денови, таа од секогаш била голманка и нејзината кариера се развивала во добар правец. Росас уште во почетоците на кариерата станала репрезентативка и на 15 годни бранела за репрезентацијата до 18 години со постари девојки.
И покрај тоа што играла ракомет, Росас имала и друга љубов, односно работела на својата актерска кариера. На 15 години започнала да посетува часови за глума, а веќe на 18 години ја имала првата улога како главна актерка. Репрезентативката на Гватемала успевала да посвети внимание на двете професии, но дошол моментот на одлука по кој пат да тргне.
„Кога имав 17, 18 години тренирав многу напорно секој ден, понекогаш и по шест часа. Но исто така морав да одам во театар бидејќи ја подготвував мојата прва улога. Имав многу обврски во исто време вклучувајќи го и факултетот и морав да одберам што понатаму. Кога го гледав филмот Хари Потер забележав дека многу актери се на мојата возраст, си реков и јас можам да го правам ова, но не можете да ги знаете сите детали кои се случуваат позади сцената“ коментираше Росас.
Росас сега живее во Прага, а причината заради кој допатувала во Европа се студиите. Таа веднаш се испробала во глумата и од театар се префрлила на филм и имала голем успех. Росас е дел од Марвел Универс и ужива во таа привилегија, а како што вели самата тоа е остварување на сонот.
☆ More than a symbol ☆ Watch the final trailer for Marvel Studios’ The Falcon and The Winter Soldier and start streaming the Six-Episode Event this Friday on @DisneyPlus. #FalconAndWinterSoldier pic.twitter.com/9jrrrXDF47
— Marvel Studios (@MarvelStudios) March 15, 2021