Новиот селектор на Русија не повикува вардарци

Ракометарите на Вардар беа едни од најредовните во составот на Русија во последните неколку години и постојано имаше барем по 2-3 играчи кои го носеа дресот на „зборнаја“. Сепак, новиот селектор Велимир Петковиќ како да не им верува на вардарци, па одлучи овој пат да не ги вклучи на поширокиот список.

Во тимот се најдоа неколку поранешни членови на „црвено-црните“, но Дибиров и Калараш не добија повик.

На спискот се Шишкарев, Атман, Горпишин… а ти ќе се соберат на 28 октомври. Овој собир ќе биде за дуелите со Украина кои треба да бидат одиграни во Минск на 5 и 7 ноември. Тоа се квалификациски средби за Европското првенство во 2022 година.