Нов трофеј за Барса, го освои и Асобал купот

Екипата на Барселона стигна до уште еден трофеј откако дојде до победа во финалето од Асобал купот против екипата на Синфин со 33:23.

Барселона беше фаворит и оваа улога ја оправда така што немаше дилема околу тоа кој ќе дојде до победата. На полувреме резултатот беше 13:11, но затоа продолжението беше одлично за Каталонците кои доминираа до победата.

Со по пет гола најефикасни беа Доленец и Н’Гесан, додека по четирипати реализираа Мортенсен, Јанц и Абељо. Во редовите на Синфин седум гола постигна Хереро.

Ова беше последниот трофеј за Чави Пасквал во Барселона на домашна сцена, а има можност следниот викенд да се збогува со клупата на Барса со титула во Лигата на шампионите.