На натпреварите од Супер Глоуб кој од 5 до 9 октомври ќе се одржи во Саудиска Арабија ќе бидат и најдобрите арбитри од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за кои ова ќе биде ново големо натпреварување.
После финалето на Олимписките игри во Токио сега имаат нова можност за големи натпревари така што тие се најдоа меѓу шест судиски двојки кои добиваат шанса да бидат дел од ова натпреварување.
Начевски и Николов не беа на првиот список, па сега се најдоа меѓу арбитрите кои доаѓаат од Аргентина, Хрватска, Египет, Литванија и Норвешка.
СУДИСКИ ДВОЈКИ ЗА СУПЕР ГЛОУБ
Славе Николов/Ѓорѓи Начевски (Македонија)
Хулијан Лопез Гриљо/Себастијан Ленци (Аргентина)
Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)
Ала Емам/Хосам Хедаја (Египет)
Миндаугас Гацелис/Ваидас Мазејка (Литванија)
Хавард Клевен/Ларс Јорум (Норвешка)