По поразoт од Нант, екипата на Ница денеска доживеа повторно пораз во првенството на Франција, овој пат на гостински терен против Бензансон со 30:26 во плеј-оф фазата.
Екипата на Марјан Колев беше во водство во поголемиот дел од првото полувреме. Домаќинките во последните минути од првиот дел го скршија отпорот на противникот и заминаа со предност од 14:13 на полувреме.
Во вториот дел, Ница се врати во игра и во 36. минута имаше солидни три гола разлика, 15:18, но противничката екипа во последните дваесетина минути одигра подобро во нападот и одбраната и ги освои новите бодови.
На овој натпревар настапи и репрезентативката на Македонија, Јована Мицевска. Младата голманка натпреварот го заврши со осум интервенции.