Иако го имаше во пролетната полусезона десниот бек од Вардар, Даинис Кристопанс, сепак екипата на Фуксе Берлин забележа неколку лоши резултати во серија, а тоа ги чинеше место во Европа следната сезона.
„Лисиците“ службено загубија излез во Европа, но и покрај тоа нема да протестираат, иако се најголемите губитници и единствена екипа од врвот што по пресметката на просекот падна едно место подолу.
Фуксе Берлин беше пред Рајн Некар на табелата, но со еден бод повеќе и еден меч повеќе. Кога се пресмета просекот, „лавовите“ го заземаа нивното место и го обезбедија третиот билет за Лига Европа, а Фуксе остана на шестото место да чека некоја нова шанса.
„Нема фер ситуација во настанатите околности. Јавна тајна е дека ние поинаку ја пресметувавме табелата, но другите поинаку гледаат на ситуацијата. Мораме да го прифатиме тоа и нема да протестираме против оваа одлука “, изјави менаџерот на клубот, Боб Ханинг.