Македонскиот интернационалец Никола Костески е номиниран во изборот на австриската федерација за најдобро десно крило во тамошниот шампионат.
Костески беше најдобар стрелец на тимот на Линц во регуларниот дел и во разигрувањето за опстанок, иако пропушти неколку меча, па заслужено се наоѓа во потесниот избор.
Негови конкуренти се Јулијан Ранфтл од Вествиен и Ричард Вес од Швац.
Може да се гласа до 6 јуни, на секој час по еднаш. Гласањето ќе се одвива на социјалните мрежи на профилите на австриската федерација, преку апликацијата на Спусу лигата, како и на нивниот веб сајт.
За Костески може да гласате на следниот ЛИНК.