НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМИ: ПИК Сегед ќе игра со Вардар во осминафиналето на ЛШ!

Барселона и ПИК Сегед одиграа врвен натпревар во последното коло од Лигата на шампионите. Пред своите гледачи Барселона останува несовладлива  иако во завршицата имаше заостанување и беше на чекор до пораз, сепак успеа да го сврти резултатот и да победи со 30:28.

По првото полувреме ПИК Сегед имаше водство од 15:13 најмногу благодареиние на одличното издание Мирко Алиловиќ. Хрватскиот голман имаше девет интервенции и 41 процент на одбранети удари. Во 15. минута Барселона имаше 7:5, но Ричард Бодо врза три гола во низа за преземање на водството. Во завршницата Алиловиќ добрани неколку удари и погоди на празна мрежа за позитива на неговиот тим по првиот дел.

Пет минути во продолжението и беа доволни на Барселона да го сврти резултатот и да го преземе водството. Ова беше аларм за Хуан Пастор веднаш да повика тајм-аут. Продолжението од натпреварот се играше максимално борбено и неизвесно. Во 55. минута ПИК Сегед имаше 28:26, но од тој момент до крајот на мечот не постигна гол, што Барселона го искористи да триумфира.

Лука Циндриќ и Јуре Доленец беа вистински водачи на својот тим со по седум погодоци, а Фабрегас постигна четири гола. Во екипата на ПИК Сегед Ричард Бодо беше прв стрелец со седум гола, а Македа погоди четири пати. Со оваа победа Барселона го потврди првото место во групата А, додека ПИК Сегед завршува третопласиран и е противник на Вардар во осмина финалето.