Некогашниот шеф на одбраната на Вардар ја заврши сезоната

Поранешниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ, најверојатно ќе ја заврши сезоната, откако се здоби со повреда на тетивата на десната рака во дерби натпреварот против Гепинген во Бундес лигата.

Членот на Рајн Некар Левен го очекува долга пауза и неговото враќање на ракометните терени се очекува да биде во следната сезона.

Составот на „лавовите“ го очекуваат тешки дуели во борба за титулата во домашниот шампионат, а отсуството на искусниот ракометар од Србија дополнително ќе ја отежне нивната амбиција.

Рајн Некар Левен во Бундес лигата се наоѓа на 5. позиција со 26 бодови. Утре тимот од Манхајм на свој терен го пречекува Лудвигсхафен.