Неделава завршува паузата во Лигата на шампионите, Вардар и Кил први на терен

После паузата која траеше околу два месеци екипите кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите неделава продолжуваат со битките за местата кои водат во елиминациите од натпреварувањето.

Според распоредот на натпреварите први на терен излагаат ракометарите на Кил и Вардар и тие својот натпревар ќе го одиграат в среда од 19 часот. Домаќин е составот на Кил, а се очекува ова да биде интересен дуел на кој домашните, сепак, ќе влезат како фаворити.

Другите средби од 11. коло во Лигата на шампионите ќе се одиграат викендов така што неделава ќе се види каква трага оставила паузата кај ракометарите и кои тимови се подготвени да влезат во завршна битка за висок пласман.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ

18:00ч

ПИК СЕГЕД – АЛБОРГ

ППД ЗАГРЕБ – ФЛЕНЗБУРГ

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ПСЖ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – БАРСЕЛОНА

ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (356:278); 2. Пик Сегед 17 (297:251); 3. ПСЖ 16 (314:277); 4. Алборг 10 (302:311); 5. Флензбург 7 (265:274); 6. Целје 6 (251:302); 7. Елверум 3 (258:294); 8. ППД Загреб 3 (238:294).

ГРУПА Б

СРЕДА, 5 ФЕВРУАРИ

19:00ч

КИЛ – ВАРДАР

САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ

16:00ч

ПОРТО – ВЕСПРЕМ

17:15ч

МОНПЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ

ТАБЕЛА: 1. Кил 16 бода (314:282); 2. Веспрем 14 (333:288), 3. Келце 12 (302:283); 4. Монпелје 11 (277:274); 5. Порто 10 (286:295); 6. Вардар 9 (286:321); 7. Мотор Запорожје 4 (297:323); 8. Мешков Брест 4 (274:303).