„Најдобро соработував со Мојсовски, Алушовски и Јовиќ се меѓу најдобрите со кои сум играл“

Црногорецот кој голем дел од кариерата помина во Скопје во двата најдобри клубови Вардар и Металург во интервју за „МNE Rukomet“ ги одреди најдобриот состав од играчи со кои играл и ракометарите со кои имал најдобра соработка.

Во изборот на Младен Ракчевиќ се најдоа неколку играчи од Вардар и Металург кои биле дел и од македонската репрезентација, а исто така и сегашниот тренер на Вардар, Стевче Алушовски.

Идеален тим на Ракчевиќ:

голмани – Ненад Пуљезевиќ и Горан Стојановиќ
леви крила – Стевче Алушовски и Петар Каписода
леви бекови – Ален Муратовиќ и Григориос Саникис
средни бекови – Наумче Мојсовски и Драшко Мрваљевиќ
десни бекови – Ренато Вугринец, Зоран Рогановиќ и Жарко Марковиќ
десни крила – Савас Карипидис и Александар Јовиќ
пивоти Стево Никочевиќ и Ратко Ѓурковиќ

Ракчевиќ откри дека играч со кој имал најдобра соработка во кариерата е Наумче Мојсовски со кој играа во Металург во најдобрите денови на клубот. Оваа соработка е очекувана бидејќи и позициите на кои играат овие давајца играчи го овозможуваат тоа, среден бек и пикер.