Европската ракометна федерација ги делегираше судиите и делегатите за натпреварите од петтото коло од квалификациите за Европското првенство, како и за оние од ЕХФ Евро Купот.
Токму во ова натпреварување, селекцијата на Хрватска два пати на домашен терен ќе се соочи со Словачка, еден од домаќините на следното ЕП, а судии на овие два меча на 28 и 29 април ќе бидат Македонците Виктор Начевски и Даниело Божиновски.
Делегат на овие два меча ќе биде Владимир Сокол од Хрватска.
Двајца делегати од Македонија ќе имаат ангажмани на дуелите во квалификациите за ЕП. Ацо Николовски ќе биде делегат на дуелите Турција – Словенија и Турција – Холандија, кои се играат на 27 и 29 април, додека Драган Начевски ќе биде делегат на средбата Црна Гора – Шведска.