Екипата на Кире Лазаров, Нант дојде до победа во финалето на турнирот во Португалија во организација на тимот на Гаја откако го совлада Аек со 29:23.
Ова беше очекуван епилог во финалето во кое Нант имаше предност од 17:12 после првите 30 минути.
Во натпреварот за 3. место тимот на Никола Митревски, Порто го совлада организаторот на турнирот, Гаја со 35:25.
Претходно во полуфиналето Нант беше подобар од Порто со 39:32.