На најпознатиот клуб во Данска му се заканува банкрот!

Еден од најдобрите клубови во Данска, Колдинг, тешко се справува со финансиската криза и е во многу ризична ситуација, со закана и од распаѓање.

Раководството се обиде да преговара со ракометарите за да ги намалат платите, но двете страни не успеаја да се договорат. Како резултат на тоа двата најголеми спонзори се повлекоа од клубот, па неговата егзистенција е доведена во опасност.

„Тешко е за играчите да изгубат 40% од платата. Платите во Колдинг се слични со оние на обичниот пазар на трудот, а намалувањето би имало последици и играчите ќе мораат да работат освен што ќе играат ракомет. Тогаш веќе тоа не е професионализам“, истакна Мајкл Салт, претседател на синдикатот на играчи.

Колдинг е основан во 1941 година, клубот е 14 пати шампион на Данска. Во 2002 година тимот играше во полуфиналето од Лигата на шампионите што претставува најголем успех на меѓународна сцена.