Селекторот на Хрватска, Лино Червар се наоѓа пред нов настап на големо натпреварување со репрезентацијата, а му претстојат напорни денови бидејќи ситуацијата е незгодна особено поради коронавирусот.
Тој е свесен дека и на Мундијалот во Египет нема да биде воопшто лесно бидејќи покрај тактиката ќе мора да се мисли и за здравјето на ракометарите.
Во дел од своите коментари тој зборува и за она што претстои во делот на честите прегледи кои претстојат за време на шампионатот во Египет.
Со оглед на тоа како течеа настаните за време на Европското првенство за жени истото претстои и сега, па нема да им биде воопшто лесно на ракометарите.
„Ова ќе биде Светско првенство на кое клучна улога би можела да игра короната. Кој знае кој во каков состав ќе биде на шампионатот. Таму ќе имаме тестирања на секои два дена. Ќе им чепкаат во носот на играчите неколкупати неделно. Условие ќе бидат специфични. Ние секако се надеваме дека на овој Мундијал одново ќе имаме голем резултат“, коментира Червар.
Хрватска на Мундијалот во Египет се наоѓа во Групата Ц каде што е голем фаворит. За ривали ги има селекциите на Катар, Јапонија и Ангола. Првите три продолжуваат во следната фаза.