Мурговска доби ривал за надигрување, сè е можно во швајцарското дерби

Интернационалката од Македонија во првенството на Швајцарија, Викторија Мурговска го дозна ривалот за 2. коло од Европскиот куп.

Таа со своите колешки од Ротвајс Тун на стартот ќе се соочи со Споно Иглс, па швајцарското дерби ќе биде можност за надигрување. Според резултатите од минатата година и рејтингот на листата во Европскиот куп, тимот на Споно треба да биде фаворит, но тоа не мора да значи ништо така што шансите за Тун постојат.

Во оваа рунда ќе има девет двојки, а потоа победниците ќе им се приклучат на уште 23 тима кои директно влегоа во 3. рунда. Меѓу тие екипи кои се директно пласирани во следното коло е и Куманово.

Како што е познато во 2. рунда игра тимот на Чаир, кој за ривал ја доби екипата на Наиса од Ниш.

ЕВРОПСКИ КУП, ЖЕНИ – 2. РУНДА

ЧАИР (Македонија) – НАИСА (Србија)

РОКАСА ГРАН КАНАРИЈА (Шпанија) – ВЕСТФРИСЛАНД (Холандија)

РИНКОН МАЛАГА (Шпанија) – ВАЛУР (Исланд)

СПОНО ИГЛС (Швајцарија) – РОТВАЈС ТУН (Швајцарија)

АЛАВАРИУМ (Португалија) – ГРАНОЉЕРС (Шпанија)

ВУШТРИЈА (Косово) – ИСТОГУ (Косово)

ИЗМИР (Турција) – БРИКСЕН (Италија)

КАСАНО МАЊАНО (Италија) – МУРАТПАША (Турција)

РЕАЛ (Украина) – МЕСТРИЊО (Италија)