Првиот ракометар кој заигра за репрезентацијата на Македонија, а кој не беше роден на оваа територија е Александар Зарков. Тој со гордост го носеше дресот на Македонија, но малкумина знаат дека тој е роден на територија на Србија.
Зарков во Македонија дојде во 1989 година од Металопластика, а роден е во Пирот.
Со Пелистер постигна големи успеси во својата кариера, а како се случи да го облече репрезентативниот дрес на Македонија зборува самиот. Тој објаснува што и како се случуваше во периодот кога дојде во Македонија.
Во тоа време уште имал југословенски пасош, но поради војната одлучил да остане во Македонија и да добие македонски пасош и да почне со настапи за националниот тим.
„Роден сум во Пирот. Кога Македонија се осамостои мојот југословенски пасош ми истече. Тоа време беше опасно за да се вратам во Србија. Војната беше почната, ако се вратев назад тогаш ќе ме собереа и ќе требаше да одам во војна. Јас сум космополит, имам многу пријатели низ цела поранешна Југославија и низ светот така што не ми беше во план да војувам против некои мои другари. Останав тука во Битола за да играм за клубот. Тогаш игравме во Европа и мораше да добијам македонски пасош за да можам да играм. Ми дадоа државјанство, па со тоа почнав да играм и за репрезентација“, се сеќава Александар Зарков говорејќи во интервјуто за 24 Ракомет.
Комплетното интервју со Зарков можете да го прочитате во продолжение.
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЗАРКОВ: Дојде тивко, ја засака Битола и стана легенда