Украинскиот шампион Мотор Запорожје во првите денови од 2021 година објави дека ги продолжи договорите со тројца ракометари.
Станува збор за украинските репрезентативци Захар Денисов и Дмитро Горига, како и литванскиот интернационалец Аиденас Малашинскас.
Не е објавено на колку години верност се обврзале тројцата ракометари, кои се меѓу главните стрелци на тимот оваа сезона.
Мотор Запорожје игра одлично во Лигата на шампионите, освои 12 бодови и се наоѓа веднаш за Барселона и Веспрем, а пред Кил и Алборг во групата Б.
Украинскиот тим имаше три порази на стартот, а потоа нареди дури шест победи – по две над Целје, Загреб и Нант.