Тимот на Монпелје, според очекувањата, славеше над украинскиот првак Мотор Запорожје со 34-30 во осмото коло од Лигата на шампионите.
Французите водеа со плус шест, 12-6, но мотивираните гости се вратија во натпреварот и Монпелје на пауза имаше само минимална предност, 16-15.
Сепак во вториот дел комплетно беше скршен отпорот на Мотор, кој и по осум кола останува само на една победа.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Лене и Деска со по осум голови, додека кај Мотор се истакна Сорока со шест погодоци.
Сега Монпелје е втор на табелата со 11 бодови, по Кил кој има 13, а нив ги следат Веспрем и Келце со по 10. Вардар е на петтата позиција со девет бода.