Монпелје во победнички ритам, го остави Мешков Брест на нула

Ракометарите на Монпелје после триумфите над Кил и Вардар ја остварија својата трета победа по ред откако на домашен терен во 5. коло од Лигата на шампионите славеа против составот на Мешков Брест со 32:26.

Гостите од Белорусија имаа добар почеток и водство во воведните минути. Вајлупов погоди за три гола предност на Мешков во 14. минута. Следуваше период во кој Монпелје ја презема контролата на играта и го врати водството, а на полувреме беше 14:12.

На почетокот на вториот дел Мешков Брест повторно успеа да стигне до израмнување. Периодот од 39. до 45. минута беше решавачки за победникот на овој дуел. Монпелје направи серија од 6:1 со што си обезбеди мирна завршница. Обидите на гостите да се вратат беа неуспешни и домашниот тим запиша нови бодови.

Вистински лидер на тимот на Монпелје беше Жулиен Бос кој беше стрелец на 11 гола и беше најефикасен на теренот. По четири гола постигнаа Дуарте, Деска и Лене. Исто така одличен беше голманот Бонефоа со 15 интервенции. Во екипата на Мешков Брест се истакна Бонефон со пет гола, а Вајлупов постигна четири погодоци.

Со овој триумф Монпелје се проби на втората позиција на табелата, веднаш зад Алборг со седум освоени бода колку што има и Кил. Во следното коло тимот од Франција ќе гостува на екипата на Загреб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123