Многу работа за Македонците во СЕХА

Регионалната СЕХА лига започна со два меча пред крајот на 2020 година, а продолжи во 2021 година со натпреварот меѓу Вардар и Војводина. Во месец февруари ќе бидат одиграни уште неколку меча, а македонските официјални лица ќе имаат многу работа.

Драган Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер кој ќе се одигра на 6 февруари од 20:00 часот.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на дуелот меѓу словачкиот Татран и српската Металопластика на 13 февруари во Прешов од 18:00 часот, а делегат ќе биде Марјан Начевски.

Истото трио ќе работи и на натпреварот меѓу Нексе и Мотор Запорожје што ќе се одигра на 6 март во Нашице.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат судии на мечот меѓу Металопластика и Загреб, што ќе се игра во Шабац на 28 февруари од 18:00 часот, а делегат на овој дуел ќе биде Драган Начевски.