Младеновиќ направи трансфер – После Мундијалот продолжува во Охрид

Ракометарот кој денеска заминува со репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Египет, Михајло Младеновиќ пред заминување го официјализираше својот трансфер.

За него пред неколку дена беше познато дека ги напушта редовите на Металург, а веќе се знае и неговиот следен клуб. Ја продолжува кариерата во редовите на Охрид.

Младеновиќ ја почна својата кариера во младинските тимови на Металург и успеа да стигне до првата екипа, а беше дел од тимот кој пред година и пол играше на Светското првенство за кадети во Скопје.

Младиот лев бек ќе биде засилување за тимот на Охрид за позицијата лев бек, но ќе биде од помош и за одбраната на екипата која есенската полусезона ја заврши на првото место со 12 победи од 12 натпревари.

Ова е прво засилување, а најверојатно ќе биде и единствено во овој преоден рок бидејќи охриѓани се покриени на сите позиции и ќе можат да одиграат на ниво до крајот.

Инаку, почетокот на подготовките ќе биде за време на овој викенд, а Младеновиќ ќе се приклучи после враќањето од Египет.