Митревски собра 11 одбрани за едно полувреме!

Португалскиот шампион Порто гази се пред себе во домашниот шампион и ја забележа шестата победа во шест меча.

Еден од творците на последната убедлива победа на Порто кај Мадеира со 22-29, беше македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски.

Кинтана и Митревски поделија по едно полувреме, а нашиот голман собра 11 интервенции за триесетина минути, а прими само седум погодоци.

Порто во следното коло ќе игра на домашен терен против Санхоаненсе.