Металург без ниту еден странец го „преслуша“ Работнички

Екипата на Металург иако денеска настапи без странците во својот состав дојде до победа против тимот на Работнички во заостанатиот натпревар од Групата Б. Металург славеше со 26:22 така што се избори за нови бодови.

Од стартот на средбата се виде дека за Металург нема да има поголеми проблеми на овој дуел и дека ќе може да се освојат бодови иако најискусните денеска на беа во тимот.

Натпреварот почна со 4:0 и овие четири погодоци значеа многу за во продолжението од првото полувреме. Лесно се казнуваа грешките на противникот играјќи редовно со акции кои беа финиширани со погодоци многу често и во празниот гол.

Таквата игра донесе до плус седум на крајот од првото полувреме. Металург имаше 15:8 и веќе го имаше решено победникот на оваа средба така што беше само прашање со кој резултат ќе биде обезбедена победата.

Во вториот дел од средбата можеше да се одигра мирно и да се дојде до победата. Работнички успеа да намали и да се избори за помала негатива во текот на целото второ полувреме, но тоа не беше такво намалување за да се загрози победата.

Металург ги држеше гостите на 4-5 гола разлика за на крајот од натпреварот да се дојде до 26:22 со што Металург дојде до нова победа и овој триумф ќе биде од големо значење за в недела кога се гостува кај составот на Бутел Скопје.

13 ноември 2020
26 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 ноември 2020 20:25 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 13.11.2020 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1526Победа
РАБОТНИЧКИ822Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Дарко Кондевлево крило03
4Александар Петковскидесен бек03
7Дарио Кофилоскилево крило01
10Даниел Дупјачанецголман01
11Мице Шилеговдесно крило02
17Мартин Серафимовдесен бек07
19Милан Лазаревскипивот21
20Даниел Ѓорѓескиголман00
21Михајло Младеновиќлев бек06
27Теодор Тодескилев бек12
28Андреј Митиќпивот00
64Велко Маркоскилев бек10
 Вкупно 426

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Бојан Стојчевскицентрален бек00
5Стефан Чакалиќлево крило00
7Ален Ќосевскидесно крило03
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек04
12Јоаким Ангеловскиголман00
14Христијан Чакалиќцентрален бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот00
21Давид Савревскидесно крило00
23Тoше Ончевцентрален бек17
25Стефан Добревскилево крило04
28Петар Виларовголман00
33Стефан Крстевскицентрален бек00
55Стефан Атанасовскипивот24
77Ѓорѓи Дукадесен бек20
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 522

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
МИРЧЕСКИ ЛЕРИ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126