Екипите на Татран Прешов и Металопластика одиграа интересен и до крај неизвесен натпревар во СЕХА лигата во рамки на групата А, а победата му припадна на тимот од Шабац кој како гост славеше победа со 31:29.
Почетокот на натпреварот им припадна на домашните ракометари. Татран отвори со 2:0 за веќе во 14. минута да имаат предност од 9:5. Сепак, Металопластика со серија од 3:0 се врати во игра и не дозволи противникот да се одлепи на недостижна предност.
Во завршните минути од првиот дел Металопластика успеа да стигне до првото водство на мечот когаво 29. минута Писариќ погоди за 16:15 и тој резултат беше на полувремето. И во вториот дел продолжи израмнетата игра сè до 40. минута. Следуваше подобар период на гостинскиот тим кој стигна до највисоката предност од три гола, 23:20.
До крајот на натпреварот Металопластика знаеше да го сочува водството за важна гостинска победа против составот на Славко Голужа. Ова беше прва победа за српскиот претставник откако на првиот меч загуби на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во составот на Татран Прешов беше Оливер Рабек со девет гола, а по пет постигнаа Хернандез и Сантос. За Металопластика со по шест гола најзаслужни за победата беа Вукашин Воркапиќ и Воислав Брајовиќ.
СЕХА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА