Данските репрезентативци веројатно долго ќе го паметат првиот меч по освојувањето на светската титула во Египет.
Македонија славеше над светскиот првак со 33-29 во Скопје и денеска ќе биде уште повеќе мотивирана да покаже дека тој триумф не бил случаен.
Левиот бек Мадс Менса Ларсен вели дека најважен е пласманот на ЕП, но и првото место во групата.
„Најважно е да обезбедиме пласман на ЕП, а таму никогаш не е лесно. Свесни сме дека првото место не е загубено. Тоа носи подобра ждрепка за ЕП, па тоа е во нашите мисли. Реванш против Македонија сакаме, но тоа не е главната мотивација“, вели Менса Ларсен.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во „Гигантиум Арена“ во Алборг без публика, од 16:00 часот.