Марковски смета дека кризата е минато: Во ниеден момент не сакав да се откажам, Металург ќе се врати на старите патеки

Металург му треба на македонскиот ракомет. Не со 14 играчи туку со целростер и стабилен. Ќе треба време раководството да го врати таму каде што му е местото.

Победата против Струга со 27-22 ги придвижи работите во екипата на Металург, конечно е скршен мразот и остварена првата победа, па и клубoт сега почнува да гледа поинаку на работите односно да тргне во сосема друг правец и да се врати во трката за место во плеј-офот. Иако има само три бода шансите уште постојат и ништо не е загубено така што може да се очекува до крајот на есенскиот дел од сезоната напредок на табелата и битка за место меѓу најдобрите шест екипи.

Тренерот Иван Марковски е задоволен што работите тргнаа конечно од „мртва точка“ особено во однос на бодовите, но ќе треба уште да се поправа.

„Драго ми е што против Струга направивме чекор плус и дојдовме до победа, која ни ја крена самодовербата и ситуацијата во клубот. После четири порази фаќаме резултатски приклучок. Првенството е сериозно и израмнето. Има многу изненадувања, а сите екипи се засилени. Не треба да напоменувам дека сме со проблеми. Ништо не е важно туку сега е најважно да го кренеме перформансот и квалитетот. Против Струга покажавме дека можеме. Така беше и против повеќето ривали. Водевме и имавме добри моменти, но резултатот беше четири порази“, коментираше Иван Марковски за 24Ракомет.

Смета дека момците ќе почнат да даваат уште повеќе на теренот и дека ќе бидат со повеќе од максимум од силите на секоја средба која следува.

„За факторите кои беа присутни на натпреварите не сакам да зборувам, од типот на судење или нешто друго. Сега сме во ситуација која сме и сметам дека можеме да го фатиме приклучокот кон плеј-офот . Убеден сум дека играчите ќе сфатат дека играат за клуб со реноме. Какви-такви во моментов и без планиран ростер, сметам дека екипата е лимитирана во ротација. Не во квалитет туку во ротација. Мора да се даде максимум на секоја средба од 100 и повеќе проценти од силите. Само така можемеда се вратиме на победите. Со мојот асистент Златко Јанакиевски работиме во сооднос со условите и на играчкиот потенцијал. Играчите го дават својот максимум. Сè што е потребно од нив во спортскиот дел го исполнуваат. За секој натпревар се подготвуваме максимално“.

Следен е натпреварот против Вардар, а на него може да се очекува тимот да одигра растоварено од секаков притисок, па тоа да биде подготовка за новите предизвици.

„Како тренер кој работи со оваа екипа се надевам дека ќе ја надминеме кризата. Ни следува дуел против Вардар и тоа може да биде добар поттик за следните натпревари кои се важни за нас. После Вардар, а зошто не и против Вардар да покажеме едно друго лице, кое треба да го имаме како Металург. Очекувам резултатот и перформансот да се види набрзо. Единствено што можеме да кажеме е дека нема да престанеме тука. Играчите имаат уште мотив плус да го вратат она што значи името на Металург. Ќепродолжиме да работиме и да се поправаме и во резултатска и во бодовна криза ќе се качуваме нагоре. Сметам дека допрва ќе се види најдоброто. Шансата за плеј-оф е уште отворена за сите и сигурно ќе има уште многу изненадувања. Нема што да се полеминизира. Јас ја гледам мојата екипа и сакам ние да учиме од грешките и да се поправаме . Ќе ни се отворат сигурно неколку натпревари каде ќе ја искористиме шансата и покрај силните противници. Досега проблемите си го сторија своето. Таму сме каде што сме и не треба да се жалиме“.

Екипата е со смален ростер и во моментов има 14 ракометари. Тоа е поразлично од почетокот кога тимот имаше одличен фонд на играчи. Сега недостигаат ракометари за повеќе ротација.

„На почетокот на подготовките имавме ростер од 18 ракометари, а стигнавме до 13 играчи. Одлучивме да анимиравме играч од школата  на Металург, па со Субашевски имаме 14. Многу е комплицирано. Нема македонски играчи кои може да се ангажираат. Секој што би одговарал на квалитетот кој го бара Металург е под договор. Од странци можеме  да ангажираме единствено играч кој ги исполнува критериумите и многу е тешко да се засилиме во овој период. Имаме добри играчи кај странците. Абдулах Мане дојде да биде како помош за Оливие Њокас, а сега има улога за максимум и не знам дали имал таква улога некогаш во тимовите каде што играл. Ќе се обидеме да го оспособиме да го даде максимумот и тоа е моја работа за да придонесам  да го исфрли потенцијалот на површина. Халил Озтурк е неверојатен потенцијал. Покажа дека може да направи разлика. Улисес Рибеиро е крило кое го дава она што се бара од него. Хорват игра на неприродна позиција каде се троши многу. Продуктивен е, но најмногу може на крило. Јас ќе пробам да извадам максимум од сите. Секој го дава, но на крај резултатот е таков каков што е. Сигурно има причина, но нема што повеќе да се калкулира. Со овој играчки состав кој е лимитиран во ротација треба да пробаме  да го извадиме најдоброто. Има уште доволно натпревари само треба верба и поддршка од сите страни. Металург е бренд кој го заслужува тоа“.

Марковски се најде во тешка позиција бидејќи како тренер мораше да најде начин после четири порази да ја врати екипата во ритам.

„Кога дојдов во Металург тоа беше во незгоден момент со сосема други играчи и сосема поинаква екипа. Направивме добра работа и го вративме Металург на патека за излез на Европа. Во ситуација во каква што дојдовме сега, како тренер не ми беше ова според мои амбиции. Со победничи менталитет не ми беше едноставно во тие четири порази. Најлесно е сега да се откаже. Познавајќи се себе нема да се откажам. Со цела мој ентузијазам и знаење ќе продолжам да го вратам тимот на вистинскиот пат. Со тренажен процес и наоѓање начин како да се крене екипата. Со полн капацитет да го вратиме повторно Металург каде што му е местото“.

Кога има четири порази во серија нормално е да се помисли и да се замине од екипата, но Марковски не е тренер кој би се повлекол кога е најтешко туку сака да помогне клубот да се врати на вистинското и да почнат да победуваат во серија.

„Во тешките моменти како човек на сè ти оди паметот. Сум размислувал, но во ниту еден момент не сум сакал да се откажам. Најлесно е даж се откаже, но на Металург сега не му треба тоа туку му треба поддршка. Како тренер сум тука најголема поддршка, а тука се и играчите и раководството. Сите заедно мора да мислиме позитивно. Клубот е постојано е во криза и се споменува тоа и низ медиумите, но мора со позитивна мисла и нормално со поголемо внимание од сите страни да се врати каде му е местото. Јас сум тренер на Металург и ќе продолжам доколку раководството не мисли поинаку. Сета моја сила ќе ја искористам клубот д се стабилизира. Металург му треба на македонскиот ракомет. Не со 14 играчи туку со целростер и стабилен. Ќе треба време раководството да го врати таму каде што му е местото, а ние мора да помогнеме со резултати. Имаме сили и можеме да го нормализираме“, изјави Марковски за 24Ракомет.

Во следното коло тимот на Металург гостува кај Вардар, па ова ќе биде само тест. Потоа ќе следуваат нови дуели на кои ќе се очекува тимот да се обиде да стигне до нови победи.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515