Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков игра одлично оваа сезона во дресот на унгарскиот гигант Веспрем.
Тој досега во сите конкуренции – Лигата на шампионите, домашното првенство и Куп, успеа да постигне 155 погодоци, иако не беше во ростерот на сите натпревари.
Прв стрелец на Веспрем е Петар Ненадиќ со 161 погодок, додека Андреас Нилсон и Гашпер Маргуч имаат постигнато исто колку на Манасков но со повеќе одиграни натпревари и се на делба на второто место.
За Веспрем останува уште двомечот со ПИК Сегед за титулата во унгарското првенство, а натпреварите ќе се играат на 2 и 5 јуни.