Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Филип Чурлевски и Игор Трајковски, загуби од фаворитот Кокс во финскиот шампионат.
СИФ беше поразен на домашен терен во натпревар од 7. коло со 26-33, иако парираше одлично во првиот дел.
Се играше најчесто гол за гол до 13-13, а „петлите“ со четири гола во серија стигнаа до плус четири до паузата, 13-17. Во второто полувреме беше полесно за Кокс и на крајот домаќините мораше да им честитаат за победата.
Чурлевски беше најдобар стрелец и успеа да постигне шест погодоци против тимот што лани играше во Лигата на шампионите, додека Трајковски постигна четири погодоци.