Македонскиот тренер Адријано Котевски, една недела беше присутен на тренинзите на унгарскиот шампион ПИК Сегед.
Котевски, кој во декември треба да ја добие Мастер Коуч лиценцата, ја следеше работата на искусниот шпански стратег Хуан Карлос Пастор и можеше да „купи“ од неговото ракометно знаење.
Прилепчанецот до крајот на минатата сезона беше дел од стручниот штаб на тимот на Прилеп, како асистент на Горан Кузманоски.
Претходно Котевски работеше во младинските категории на прилепскиот тим и го водеше сениорскиот тим од Прва до Суперлигата.