Со завршувањето на групната фаза во Купот на ЕХФ во женска конкуренција натпреварувањето влегува во завршна фаза и остануваат уште елиминациските дуели.
Познати се осум екипи кои утре ќе се најдат во ждрепка, а она што е интересно е дека двете македонски репрезентативки можат да се најдат една против друга во четврт-финалето.
Јована Саздовска со Турингер е во првиот шешир откако беше освоено првото место во Групата А, додека Подравка заврши како второпласирана во Б групата.
Со ова двете екипи се најдоа како можни ривали и може да се очекува утре ждрепката да ги донесе на меѓусебна пресметка што секако ќе донесе интересен двобој на македонските репрезентативки.
Ждрепката е најавена за 11 часот.
КУП НА ЕХФ (ЖЕНИ)
РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА
ШЕШИР 1: Турингер (Германија), Хернинг Икаст (Данска), Одензе (Данска), Шиофок (Унгарија)
ШЕШИР 2: Подравка (Хрватска), Глорија Бистрица (Романија), Лада (Русија), Кастамону Беледијеси (Турција).