Репрезентацијата на Македонија в среда ќе го одигра новиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое се одржува во јануари, а на пат за Хелсинки тргнува во вторник во 16:30 часот со чартер.
Момците кои се предводени од Кирил Лазаров ќе имаат задача в среда од 17 часот да обезбедат нови бодови за да можат полесно да финишираат на 2. позиција на табелата што би значело и подобро место во рангирањето пред ждрепката за Европското првенство.
Летот до Хелсинки би требало да трае околу три часа, а потоа ќе следуваат уште два часа пат со автобус до Рихимаки каде в среда ќе се игра натпреварот.
Ракометарите веднаш после натпреварот се враќаат во Скопје, а се очекува да пристигнат околу полноќ.
На тој начин ќе имаат време за малку одмор, а потоа за продолжување на тренинзите и подготовките за дуелот против Швајцарија в недела. Ова ќе биде последниот натпревар од квалификациите за ЕП, а средбата се игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.