Македонија против Хрватска ќе се бори за 15 место на ЕП

Женската младинска репрезентација на Македонија последниот дуел на Европското младинско првенство во Романија ќе го одигра против репрезентацијата на Хрватска.

Младинките на Македонија откако денес беа поразени од Исланд со 35:29, на младинскиот континентален собир ќе се борат за избегнување на последното место против ,,коцкестите”.

Хрватска во дуелот со Србија беше поразена со 31:26 и во досегашниот тек од Европското првенство исто како и Македонија се нема израдувано на триумф.

Македонија и Хрватска не се сретнаа на Европското првенство, но минатата година, на Светското кадетско првенство, кое се одржуваше во Македонија, речиси сите ракометарки настапија во меѓусебниот дуел за 11. позиција.