Екипата за која настапува Филип Кузмановски, Магдебург одлучи да ја продолжи соработката содвајца ракометари од бековската линија, а и двајцата настапуваат на местото среден бек.
Младиот играч од Исланд, 20-годишниот Гисли Кристијансон, кој дојде од редовите на Кил ќе остане во екипата на Магдебург уште три години. Тој ја продолжи верноста до 2023 година така што останува дел од оваа екипа која игра во сè подобра форма.
Нов договор има и за ракометарот од Словенија, Марко Безјак. Играчот кој во моментов е повреден останува дел од тимот на Магдебург до јуни 2022 година. Тој се очекува после повредата да се врати на терените на почетокот на следната сезона.