После првите 30 минути екипата на Вардар има негатива од седум гола против Веспрем и губи со 15:22. Противникот имаше подобри први десет минути кога успеа да ја направи предноста на оваа средба која беше и повеќе од доволна за да може на одмор да се биде во позитива.
Средбата тргна мирно. Првите минути им припаднаа на Атман од Вардар и Ненадиќ кои успеваа лесно да реализираат. Сепак, откако Вардар двапати израмни при 2:2 дојде до лош период во кој беа примени дури седум гола, а не беше постигнат ниту еден. Во 10. минута резултатот беше 2:9 и тука веќе како да се најавуваше лош епилог на уште еден дуел.
Беше тешко да се фати приклучок после овие минус седум, но фановите кои ги исполнија трибините бараа будење кај вардарците. Иако влегуваа во нови грешки, па дури се грешеше и на клупа дозволувајќи да влезат повеќе играчи од предвиденото на терен, сепак, дојде до стабилизација.
Неколку минути разликата се движеше меѓу пет и седум гола и ова беше нешто подобар период на „црвено-црните“, кои не успеаја да ја искористат шансата и кога имаа двајца ракометари повеќе на теренот за да се доближат до противникот. Сепак, грешките не овозможија да се има и подобар резултат, па на одмор се замина со минус седум и 15:22.
Во овој ден Атман беше најефиксен со пет гола. Три постигна Пелко, по два имаа Слубе и Дибиров, додека по еднаш прецизни беа Калараш, Чупиќ и Шишкарев. Ненадиќ со девет гола е убедливо најефикасниот на средбата,