Литванија до први квалификациски бодови, го совлада Израел

Селекцијата на Литванија ја забележа првата победа во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Избраниците на Ваидотас Гросас ја совладаа репрезентацијата на Израел со 31-28, иако на полувремето имаа предност само од еден гол разлика, 11-10.

Најдобри стрелци во победничката селекција беа Плета и Драбавичиус со по шест гола, додека кај Израел премалку беа 12 погодоци на Сиди.

Со оваа победа, останува надежта за Литванија да откине некој бод од фаворитите Португалија и Исланд и да биде меѓу најдобрите третопласирани во групата, па да се надева на место на ЕП.