Откако во 1. пролетно коло или вкупно 14. коло екипата на Пелистер беше слободна, Марија Анчева го почна вториот дел од сезоната со 13 погодоци. Таа одигра ефикасно и покажа дека не се предава во трката за најдобар стрелец и ќе се обиде и годинава да биде најефикасна.
Анастасија Николовска засега e лидер и далеку напред, но таа има натпревар повеќе така што ќе има доста до крајот и надигрување, а веќе е јасно дека меѓу неа и Анчева ќе биде главната трка.
Кои ракометарки во моментов после 15. коло се во топ 10 можете да видите во продолжение.
ЖЕНСКА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 15. КОЛО)
ТОП 10
142 – Анастасија Николовска (Чаир)
129 – Марија Анчева (Пелистер)
113 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)
102 – Магдалена Делиоска (Стружанка)
98 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)
87 – Андреа Седлоска (Вардар)
86 – Мартина Стефановска (Спартак)
79 – Тамара Србиновска (Ѓорче Петров)
79 – Јана Калајџиевска (Металург)
78 – Марија Николовска (Чаир)